Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа анплагд музичко матине за нејзиниот албум “Нов Свет”. Официјално може да се чујат шест песни на ЈуTуб каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус.

После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме – го правиме. Ве поканувам на мојот ЈуTуб канал за да уживате во секоја песна. Лично мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песнавели Викторија Лоба.

Анплагдот го изработија Дина Јашари, придружен Вокал, Кристијан Кожумановски бас гитара, Теодор Теодосиевски тапани, Стефан Алексовски клавијатури, Филип Попов гитара, а продукција  на видеото се Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино. 

Песните Нов свет, Една единствена, Само мој, Дојди, Опиум и Воздушка се пееле едно неделно попладне во Каре Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.