Американската пејачка, Тејлор Свифт, објави нова љубовна песна наречена „Mr. Perfectly Fine“, што е дел од нејзиниот албум „Fearless“, кој ќе биде реобјавен наскоро.

Песната е класична поп-кантри песна, карактеристична за Тејлор Свифт. Песната е создадена пред многу години, поточно Тејлор ја напишала кога имала 16-18 години.

Претходно, најавувајќи го повторното издавање на нејзиниот стар албум, Свифт ја објави и песната „You All Over Me“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.