Британската пејачката, Лили Ален, изјави дека во минатото консумирала опијати, како спид, за да ја намали телесната тежина.

Како што пишува британски „Сан“, Ален вели дека станала зависна од „Адерал“, бидејќи се чувствувала несигурна додека била на турнеја со Мајли Сајрус. Таа сметала дека Сајрус е помлада и поубава од неа.

Се омажив на 24 години. Шест месеци откако се роди мојот син, останавме без пари и моравме повторно да се вратиме на работа, бев млада и воопшто не се чувствував како поп-ѕвезда. Почнав да ја користам оваа дрога наречена „Адреал“, со помош на која ослабев, за потоа да станам зависник затоа што ме тераше да се чувствувам непобедлива и можев да работам со часови. Потоа завршив на турнеја во Америка, поддржувајќи ја Мајли Сајрус. Тоа беше многу „секси“ турнеја, а јас ги поминав последните три години туркајќи бебиња… Ја поддржував оваа девојка која беше многу помлада и попривлечна од мене – раскажува Ален, која почнала да експериментира на сите начини.

Лили претходно откри дека го изневерила сопругот Сем Купер за време на таа турнеја низ Америка, вклучително и со ескорт дами.

Таа за подкастот „The Recovery“ изјави дека размислувала да зема и хероин и кога дошла до тој степен едноставно знаела дека треба да оди на рехабилитација.

Почнав да го изневерувам сопругот и секогаш кога не земав дрога пиев алкохол… Бев во Лос Анџелес и размислував дека ништо од тоа веќе не функционира, можеби треба да пробам хероин – вели таа.

Сепак, бидејќи знаела што се случува со луѓето кои земале хероин, знаела дека е време да се спротивстави на „сопствените демони“ и да побара помош.

Лили Ален има две деца со Купер, а сега е во брак со актерот Дејвид Харбор со кој се венча во Лас Вегас минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.