Со олабавување на ковид мерките почнаа и концертите, но паднаа и првите забрани! Присуството ќе зависи и од примената вакцина.

Пејачот Брус Спрингстин им се враќа на настапите на Бродвеј, но на забавата ќе може да присуствуваат само одредени лица.

За жал, за вакцинираните со „АстраЗенека“ влезот нема да биде дозволен, бидејќи таа вакцина сè уште не е официјално одбрена од Американската агенција за храна и лекови.

Концертите ќе се одржуваат од 26 јуни сè до 4 септември, а на службената страница на пејачот има и бројни упатства и протоколи поврзани за вакцинирањето- сите кои сакаат да го гледаат Спрингстин во живо ќе морат да ги примат сите дози вакцини и тоа само оние кои ги одобрила Американската агенција за храна и лекови.

На концертот може да влезе само личност која ја примила втората доза од „Фајзер Бионтек“, „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, најмалку 14 дена претходно.

Децата под 16 години мораат да имаат негативен антигенски тест направен шест часа пред концертот или негативен брис од нос не постар од 72 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.