Интересен и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. Истиот стартуваше со „1001“, песна која заедно со уникатен спот беше промовирана пред публиката во Јули месец и според бројот на прегледи досега, навистина успеа да се етаблира како вистински летен хит.
Готов е и вториот проект на момците од бендот за оваа сезона. Насловот на новата песна е „Ќе те сакам“. Музиката, текстот и аранжманот се на Слаткар, а видеото и овој пат, како и претходното го сработи Даниел Јовески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.