Македонската пејачка, 42-годишната струмичанка Ленче Кукиќ е победник на балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“. Во финалето таа настапи со песната „Не иди од мене, злато моје“ од Мирјана Беширевиќ. Сепак, Ленче не е апсолутен победник, бидејќи ги освои срцата и на жирито и на Фејсбук публиката, но не успеа да се избори со тромавоста на смс-публиката.

Од стручното жири македонската пејачка освои 172 гласови, а од Фејсбук публиката 5164 гласови. Беше втора според СМС гласовите со 3694 СМС пораки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.