Кумановскиот состав „Беседа“ е победник на „Лузер Фест 2022“ – вечер посветена на новата музика од македонската сцена, која се врати во офф програмата на „Таксират“, како предвесник на главната вечер на фестивалот.

Дечките учестуваа на фестивалот и свиреа заедно со осум други бендови во МКЦ, а гласањето го правеше публиката и жири објавено пред настанот.

„Честитки за ‘Беседа’ и голема благодарност до сите бендови кои настапуваа вечерва и до сите вие што дојдовте да ја поддржите домашната алтернативна сцена!“, соопштија од „Таксират“.

„Беседа“ е состав оформен во 2020, во екот на пандемијата, со поттик произлезен од желбата за формирање на еден цврст и моќен звук кој ги пробива границите на емоционалната страна на секој човек. Тие се спој на психоделичен стонер рок, стонер метал, дум метал елеметни зачинети со прогресивни бранови.

Бендот го сочинуваат Мирослав Јаневски на бас и вокали, Немања Златановски и Гордон Величковски на гитари и Андреј Мициќ на тапани со пратежни вокали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.