Американската пејачка, Кристина Агилера, обелодени дека на моменти има сериозни проблеми да ги надмине својата анксиозност и сопствените грижи.

Пејачката признава дека понекогаш е прекритична кон себе и дека отсекогаш се обидувала да се форсира себеси за да биде што подобра.

Бидете љубезни кон себе. Сите одиме по патот на внатрешно истражување, тоа е наша работа како човечки суштества. Секој оди по различен пат, така што нема смисла да се прават споредби со други – вели Агилера за весникот „L’Officiel Italia“.

Во интервјуто, 39-годишната Агилера открива дека страдала од анксиозност за својот имиџ, но дека се откажала од обидот да биде совршена

Не одам на диета, го преболев тоа. Пливајте по вашата патека. Ако губите време гледајќи преку рамо за да видите што прават другите, губите од вид навистина важни работи – ова е најдобриот совет што некогаш сум го слушнала – вели пејачката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.