Коронавирусот е страшило за сите, но не и за маестро Игор Џамбазов. Ковид 19 сите не затвори дома, а нему му ги “отвори чакрите“. Џамбазов присилниот „домашен притвор“ го претвори во плоден кантавтор кој создаде нова песна.

Приклучувајќи се кон препораките и кампањата #Остани дома, сам со својот блуз и гитарата в рака, напишал стихови од кои кожата се ежи, па песната ја снимил на видео и ја споделил на социјалните мрежи.

Патот во борбата со коронавирусот очигледно нема да биде ни лесен ни кус… Затоа, седете дома и слушајте го неговиот… „Вирус Блуз“:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.