Маестрото на продирачката атмосфера, мултинструменталистот кој без напор маневрира низ шума од копмпексни звуци, гостува со свој соло концерт на 27 мај 2023 година, во кино Фросина, во Младински Културен Центар.

Ричард го гради својот музички израз на амбиенталната музика врз класична срцевина, која овозможува патување во себството и истражување на нашето најдлабоко јас.

Музиката на Залаи и неговиот еклтектичен вкус му дозволува да создаде широки звучни пејзажи кои комбинираат винтиџ елементи со модерен печат. Неговата цел е едноставна: да направи публиката да доживее музички оргазам.

Своето прво EP го издава во 2021 година, за британската издавачка куќа nieko.

Со свој настап пред Richard Zalai, ќе го проследиме и настапот на артистот ONAKOM.

Tamás Birinyi е графички и визуелен уметник кој работи под псевдонимот ONAKOM. Како визуелен диџеј, Тамас соработувал на мноштво музички проекти, додека од 2020 година и самиот почнува да создава музика. Неговите мрачни, повеќеслојни слики сега се дел и од неговата вонземска музичка подлошка. Чудната атмосфера која ONAKOM Ја создава со неговите надреални музички пејзажи, не носат длабоко во еден утопистички свет, туркајќи ги границите на експерименталниот звучен дизајн, downtempo музиката и басовите.

Волшебно патување кое вреди да се проследи..

Концертот е реализиран во рамки на платформата Liveurope.
#LIVEUROPE e првата Паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа која е ко-финансирана од програмата на Креативна Европа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.