Долгочекуваниот втор албум на македонскиот продуцент на електронска музика – Кеско, ќе биде издаден на 7. април со концертна промоција во МКЦ Скопје. Албумот го покажува уникатниот начин на кој Кеско ги поврзува електронската, експерименталната, breakbeat и drum and base музиката.

Голема инсипирација се великаните како The Prodigy, Chemical brothers, транс и техно музиката. Настапот ке биде во живо и ќе биде исполнет со талентиран тим на уметници од повеќе сфери. Поддршка со свој DJ сет има од DJ Flooder и младиот продуцент Kronom. Светлата и визуелниот дел од шоуто се препуштени на Мутер и артистот artist3dx кој изведува посебни инсталации за настапот во живо. Младата умтеничка Тања Кеско зазема дел од визеулното шоу со нејзините уметнички дела. Се очекува целосно мултимедијално патување на кое ќе треба да се препуштат присутните.

Вратите се отвараат во 22:22 часот, а настанот започнува во 23 часот.

Влезниците може да ги набавите во билетарата на МКЦ или на нивиот веб сајт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.