На 17.12.2022 во 20 часот во Офицерскиот Дом во Битола, Зарина Првасевда ќе го оддржи својот концерт насловен како „ЕХО“ – заедно со својот ансамбл. Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на 5 јазика и тоа : македонски, албански, турски, српски и бугарски.

Зарина Првасевда – “ Да се пее во Битола пред битолчани е голема чест и задоволство, но се разбира и одговорност. Овојпат публиката ќе ја сретнеме во Офицерскиот дом во Битола, интимно и во ограничен број и за моја голема радост ќе ни биде блиску, сосема блиску, буквално ќе можеме да си го слушаме срцебиењето едни со други а тоа ќе ни биде ритамот кој ќе ни биде премин кон емотивното, таму каде не често имаме можност да се среќаваме.

Ќе биде вечер на променада на емоции, претпразнично честење на душата со музичка прошетка низ различни култури, меѓусебно пружање рака некаде низ звуците и простор за игра на детето во нас во меѓупросторите на корените и ширината на светот.“

Покрај песните од албумот ЕХО” кој таа неодамна го издаде за издавачката куќа Кроација Рекордс, ќе се изведат и некои нови песни кои ќе бидат дел од нејзиниот нов албум.

Ансамбл: – Ратко Даутовски – Перскусии
– Пенче Кралев – Бас
– Филип Димишковски – Клавијатури
– Благојче Трајковски – Кларинет
– Филип Михајловски – Канон
– Тони Арлан – Виолина

Концертот ќе биде камерен, а бројот на публиката е ограничен на 150.

Картите ќе бидат во продажба онлајн преку следниот линк
https://www.karti.com.mk/zarina-prvasevda-ansamblot-eho.nspx
или во Книжарница Литература на Широк Сокак и Тобако Brothers на Широк Сокак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.