На 7 октомври (петок), со почеток во 20.00 часот, целовечерен концерт ќе одржи скопската група „Културно уметнички работници“. Покрај нив како гости, ќе настапат и пријателските бендови „Катран“ и „Сватовски“.

На концертот ќе биде презентиран материјалот од најновиот, седми по ред албум на „Работниците“, насловен „Панк кабаре“, кој е веќе снимен и е планирано да биде објавен до крајот на оваа година.

Реализацијата на концертот е поддржана од Град Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.