На 12 март, со почеток од 21 часот во МКЦ ќе се одржи концерт на бендовите „40ЕСДЕНА“ и „Dead Man’s Hat.

Концертна промоција на албумот „И ноќи“ на триото 4ЕСДЕНА како последен терминал на блиску 170 часа импровизаторски сесии, снимени на повеќе локации во Скопје во текот на годините од 2009 до 2021. 4ЕСДЕНА го сочинуваат Јоана Ристеска – 80Hz > 1200Hz, Венцислав Смаќоски – 50Hz > 250Hz и Саша Павловиќ – 40Hz > 400Hz. Албумот „И ноќи“ ќе биде издаден како USB flash издание на 12-ти март. Концертот во салата Фросина е посветен на Харков.

Dead Man’s Hat е инди/dream pop/алтернативен фолк рок бенд од Софија, Бугарија, предводен од пејачката Ража ел Мадхун и челистката Илијана Георгиева. Во 2019 година го издаваат својот деби албум ‘Emotional Shortcut’ продуциран од главните членови на бендот како и од Бугарското национално радио. Албумот беше емитуван во повеќе од 50 земји во светот. Нивниот деби сингл ‘After Midnight’ бргу ги освои бугарските топ листи искачувајќи се меѓу првите на “Bulgaria’s Top 40” листата водена од Бугарското национално радио а нивниот втор сингл ‘Little Cars’ се најде меѓу првите на ‘Top 20’ листата.

LIVEUROPE e првата Паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа која е ко-финансирана од програмата на Креативна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.