Басистот, пејачот, композиторот и водачот на рок групата „Дисциплина кичме“ Душан Којиќ Која (58) имал мозочен удар и се наоѓа во болница во кома.

Како што пишуваат српските медиуми, Која бил во Англија, во посета на својата сестра, кога доживеал мозочен удар. Веднаш бил хоспитализиран, а лекарите го ставиле во медицинска кома за да му дадат доволно време на мозокот да заздрави.

Оваа медицински предизвикана кома е наменета за посебно тешко болни пациенти, со цел да не го загубат животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.