Популарниот хрватски музичар, Мишо Ковач, по подолго време, повторно е снимен во јавноста.

Kако што пишува „Слободна Далмација“, 80-годишниот пејач на терасата од семејната куќа во Строжанац на хрватското јадранско крајбржје снимал видеоспот.

Штом мојата душа ќе оди меѓу ѕвездите, чувај го моето писмо, пиј за мене… – се слушал гласот на Мишо на музичката матрица.

Тој бил во друштво на неговата сопруга Лидија.

Инаку, Ковач неодамна доби внука од својата ќерка Ивана, па тоа со задоволство го искоментира за хрватските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.