Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол салата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29 март 2019. во Баркли центарот во Њујорк.

Ова е едно од најголемите признанија за рок музичарите, а сега првпат во историјата во изборот учествуваше и публиката.

На церемонијата, чест ќе им биде oддадена и на групите „Рејдиохед“, „Рокси Мјузик“ (на Брајан Ин), „Деф Лепард“, „Зомбис“, како и пејачите Џенет Џексон и Стив Никс.

Во конкуренција за наградите беа и групи како „Ејџ Ејџ Машинс“ и „Крафтверк“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.