SKOPJE CALLING оваа година ќе се одржи како еднодневен фестивал  АРМ стадионот на 5 јуни 2020 година (петок), со line up приспособен за сите генерации и сетила на љубителите на електронската музика!

Фестивалот ќе го отворат навистина се` подобрите Cyrillic, после нив доаѓа диџејот Maurice West, а потоа е на ред еден од најактуелните светски хит мејкери Mahmut Orhan кој доаѓа за прв пат во Македонија на голема сцена, како што му прилега на еден толку квалитетен диџеј.

Како ултимативни хедлајнери на вечерта се VINI VICI, големите ѕвезди на џиновските светски електронски фестивали.

За шоуата на Vini Vici навистина не треба да се трошат зборови- тоа е нешто што мора да се доживее.

За да биде line up-от совршен, како late night closing set ја имаме нашата жива, во секој смисол на зборот легенда, Кирил Џајковски во живо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.