Кате Танева, попозната како пејачка на  “Нели ти реков” е присутна на нашата музичка сцена повеќе од дваесет години.

Таа ги испеа најголемите хитови, меѓу кои најпознат е “Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во Република Македонија, од кои највпечатливи се настапите на Валандово.

Денес Кате е сопруга и мајка. Таа со семејството живее во Скопската населба Припор, а неодамна, беше посетена од екипата на Канал 5, за чија утринска емисија готвеше прекрасен специјалитет. Кате, освен пејачките способности, покажа дека одлично се снаоѓа и во кујната.

Во разговорот, Кате беше запрашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар. Еве го одговорот на Кате:

Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи- откри Кате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.