По неколкуте успешни предновогодишни концерти Каролина Гочева ќе ги почести оние кои не дојдоа до карта за Филхармонија со 90-минутно шоу на МРТ1.

Вечерва преку Фејсбук Каролина ја сподели информацијата дека за дочекот нема да настапува никаде освен на МРТ.

Многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1!

На 31ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели Елена Ристеска, Лара Иванова, Лозано, Пијан Славеј и Teen Camp Official
Се гледаме на 31 декември на МРТ1!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.