Поради променетиот начин на гласање, ретко кому му е јасно како всушност се собираа гласовите од публиката на „Евровизија“ и како се стигна до тие бодови.

Гласовите кои го одлучуваа победникот на музичкото шоу беа поделени 50-50, жири и публика.

Според правилата на организаторите, жирито е составено од пет члена, кои мора да се познати музички, телевизиски или радиоводители, познати јавни личности. Тие мораа да се граѓани на земјата во која судат и да не се во никаква врска со некои од учесниците.

Гласовите од публиката, пак, се добиваа преку телевоутинг, СМС или преку официјалната евровизиска апликација. Во неа, публиката со поени од 1 до 8, 10 и 12 ги оценуваше своите 10 фаворити.

Кога гласовите од повиците, СМС пораките и апликацијата се собираат, повторно се поставуваат соодветно во евровизиската скала, од 1 до 8, 10 и 12.

Погледнете во видеото:

Според овој систем, ова се гласовите кои публиката ширум Европа ѝ ги додели на нашата земја:

Македонија од граѓаните на Србија и Словенија доби најмногу гласови. Седум поени добивме од Хрватите, а 6 од Албанците и Црногорците.

Малта ни додели 5, а Азербејџан 3 поени. По 2 поени добивме од Швајцарија, Грузија и Шветска, а 1 од Холандија.

Вкупно – 53 поени од публика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.