Жената што го освои светот со учеството на „Британија има талент“, Сузан Бојл, денеска има 58 години и тежи околу 26 милиони евра. И покрај тоа, таа остана да живее во својата мала куќа, но, затоа пак, не штеди на работите кои отсекогаш сакала да ги има.

За британскиот „ОК магазин“, Бојл открила дека најскапата работа што ја купила за себе е вистинска бунда и голем клавир. Потрошила пари и на часови за возење, но и покрај големата желба да вози, засега не успеала да го положи возачкиот испит.

Вака изгледа денеска некогашната ѕвезда:

Сузан се повлече од јавноста откако сфати дека не може и не сака да се носи со големата популарност и јавноста. Иако минатата година објави дека е подготвена за враќање на сцената, досега имаше само еден јавен настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.