Жељко Јоксимовиќ викендов имаше голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Јоксимовиќ традиционално во летниот период доаѓа во Охрид и како што секогаш вели многу го сака градот, а и беше кум на празникот „Водици“.

Тој концертот го почна со поздрав: Добро вечер кумови“, а во чест на македонската музика и традиција ја отпеа „Елено ќерко Елено“.

Се редеа хитовите, еден по еден, публиката разиграна , расположена, а Жељко на очиглед на сите уживаше и во глетката и во изведбата. Одржа еден од најдобрите концерти според присутната публика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.