Безживотното тело на Анка Поп, која го препеа хитот Едерлези, најдено е во автомобил во Дунав во југозападна Романија под се уште неразјаснети околоности.
Анка била пејачка која соработувала и со Горан Бреговиќ на нејзината песна „Љубоморно чудовиште“, каде Брега се појавил и во спотот. После тоа го објави и неговиот голем хит, обработка на познатиот хит „Ѓурѓевдан“, под име Едерлези.
Во име на блиската соработка, Брега се огласи на Инстаграм, објавувајќи заедничка фотографија со проштални зборови.
Почивај во мир – напиша шефот на Оркестарот за свадби и погреби.
Од друга страна, пејачката како да ја предвидела својата смрт. Имено, нејзината последна објава на социјалните мрежи била баш крај Дунав. На фотографијата која ја сподели со своите следбенции таа стои крај реката, загледна во водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.