Мари Фредриксон, вокалот на една од најпознатите шведски и светски групи Роксет, почина на 9 декември, на возраст од 61 година, објавија шведските медиуми.

Мари Фредриксон ја оплакува сопругот Микаел Болјос и нивните две деца, пишува шведски Експрес.

Со голема тага во срцето ви соопштуваме дека една од нашите најдобри пејачки почина на 9 декември од болеста со која долго време се бореше, се наведува во соопштението за јавноста.

Мари боледуваше од тумор на мозокот уште од 2002 година, неколкупати се оперираше и одеше на лечење. Дури и за време на рехабилитацијата таа продолжи да снима како соло-артист, издавајќи два албума и еден успешен сингл.

Таа во доцните 80-ти неколкупати беше прогласена за најдобар женски шведски изведувач, доби и награди за најдобар шведски албум, а со Роксет успеваа да достигнат платинасти тиражи на нивните албуми.

Нејзиниот колега Гесл по веста за смртта на Мари напиша: Ти ми беше најпрекрасниот пријател изминативе 40 години. Нештата веќе никогаш нема да бидат исти!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.