Поп-ѕвездата Мадона ја купи куќата којашто досега беше во сопственост на нејзиниот колега, „Д Викенд“. Палатата има 13.391 квадратни метри и се наоѓа во затворената заедница со славни личности на Хајден Хилс.

„Д Викенд“ го купи имотот во 2017 година. Добитникот на Греми првично ја понудил куќата на пазарот за 25 милиони долари, но ја спуштил ценатата на 21,995 милиони долари. Сепак, пејачката платила „само“ 19,3 милиони долари.

Главната куќа на имотот располага со седум спални соби, девет бањи, просторија за вино, бар, теретана, театар, гаража со пет автомобили и игралиште за кошарка. Постои и посебна куќа за гости со две спални соби, со две бањи, плус удобности на отворено, вклучувајќи бесконечен базен, спа центар и огниште.

Мадона последните години живееше во Европа, во замок од 18 век во близина на Лисабон, Португалија, коj наводно, гo купила во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.