По повод одбележување на јубилејот 40. Скопски џез фестивал, организира изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов „Complicate Simply!”

Изложбата ќе биде отворена в пoнеделник, 18 октомври во Галерија МКЦ, со почеток во 19 часот.

Станува збор за селекција од 24 креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според нас, најдобрите во долгата историја на фестивалот, велат организаторите.

Посебна инспирација за оваа изложба пристигна со новото ремек-дело на Славимир Стојановиќ Футро, плакатот за годинешното, јубилејно 40. издание на „Скопскиот џез-фестивал“. Изложбата содржи 24 избрани креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според нас, најдобрите во долгата историја на фестивалот.

„Скопскиот џез-фестивал“ е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди (над четириесет) на светските маркетиншки фестивали (вклучувајќи и гран при на најпознатиот, во Кан). Визуелниот идентитет на „Скопскиот џез-фестивал“ му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите туку и со видеоснимките (анимираните или оние работени на филмска лента), со монографиите, програмските каталози и со календарите – единствени во светот од тој тип. Благодарност до сите дизајнери и агенции (и оние што не се застапени на изложбата) со кои заедно ја градевме визуелната историја на фестивалот, и до кураторот на изложбата, Небојша Гелевски-Бане – информираат од „Скопскиот џез-фестивал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.