Мадона, популарната поп пејачка откри дека поради исцрпеност и болка морала да откаже неколку настапи, иако, како што велат нејзините фанови, тоа воопшто не е карактеристично за неа.
Нејзините настапи и концертни тури кои ги има по цел свет, секогаш биле енергични и се чинеше дека кралицата на попот никогаш нема да запре.

Сепак таа сега проговори за проблемите со кои се соочува и тоа по пат на својот Инстаграм налог.

Простете ми за овој неочекуван развој на настаните. Да се има концерт секој вечер, за мене е голема радост, но и болката која ја чувствувам стана преголема – порача Мадона и додаде:

Тешко ми е да признаам дека сум од крв и месо, но колку тоа и да го порекуваме, така е. Морам да одмарам за да заздарви коленото – напишала Мадона и додала дека никогаш нема да се откаже од пеењето иако боледува од тешка болест.

Јас не се откажувам. Ова е тешка болест, но морам да ги соблечм штиклите и најлонките на неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.