Според наводите на медиумите, Игор Којиќ поднел документи за развод на бракот, а како што се дознава, причината е што пејачката има бројни финансиски проблеми, па не може веќе да го издржува Игор.

Имено, Северина неколку дена по прогласување на вонредната состојба во Србија, во среде пандемијата на коронавирусот, дошла во Белград каде останала речиси два месеца кај свекорот Кеба, во семејната куќа, каде почнале големи караници меѓу неа и Игор.

Игор од самиот почеток на врската навикнал Северина да заработува многу пари од настап, а тој лагодно да троши. Момчето нема занимање, нему единствена цел му е да ужива, патува и за тоа да ги троши парите на Северина. Кога почна пандемијата, Северина престана да настапува, како и сите пејачи, а бидејќи има многу казни кои мора да ги плати на судот, плус животните трошоци, кои секогаш паѓаат на неа, таа народски кажано морала да ја затвори славината. Игор тогаш полудел – објаснил извор за српски Телеграф и открива дека проблмите растеле, како што се зголемувале долговите на Северина.

Северина не знаелеа дека и должи на државата Хрватска стотина илјади евра поради прекршоците кои ги правела врзани за нејзиното дете, бидејќи често менувала адвокати.

Кога ја известиле, на жената и се слошило, а Игор пукнал. И рекол дека се е нејзина вина и дека семејството ќе банкротира заради неа. Набрзо таа заминала за Загреб, а тој поднел барње за развод – заклучил изворот.

Родителите не го подржале Игор во неговата намера. Му рекле дека не може сега да ја остави жената во проблеми, но тој не сака да слуша никого и убеден е дека разводот е најдобрата опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.