Легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ починал вчера во текот на денот од последници предизвикани од коронавирусот, дознава Блиц. Познатиот музичар ги минал последните денови од животот приклучен на респиратор.

Марјановиќ е една од најголемите југосовенски музички легенди, чијашто кариера траеше повеќе од педесет години.

Легендарниот српски пејач на забавни мелодии Ѓорѓе Марјановиќ кој се уште го памтиме по огромен број популарни шлагери од времето на поранешната југословенска естрада меѓу кои незаборавната “Звиждук у осам“, “Милорд“ и “Никад није касно“, почина на 89 години.
По збогувањето со кариерата поради мозочен удар, Ѓорѓе денес живее повлечено во Белград со својата прва и последна љубов Русинката Емили и со своите деца и своите внуци. И ако е сега со климаво здравје, тој ги следи сите музички настани од Вардар, па до Триглав, а ги следи и настаните во Русија во која беше мега популарен во времето на големиот Советски Сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.