Во среда, 29 јуни, ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ кој ќе биде во чест на Тоше и од млади таленти ќе се интерпретираат негови песни.

Настанот ќе се одржи во спомен куќата „Тодор Проески“ со почеток во 19:30 часот, а како организатор се јавува „Play Without Boundaires“ со поддршка на спомен куќата.

29 јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градскиот стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентирани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија – велат од организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.