Познатите македонски песни „Една песна“, „Мајка на Марика“, „Дојди ми Лено“, „Чудна жена“ и „Бисера“, ги препеаја членовите на групата „Мерак“ со вистински мерак за сечие уво. Групата ја сочинуваат: хармоника Марио Стојановски, дувачки инструменти Стефан Стојановски, клавијатури вокал диџеј, Бланка Тони, клавијатури вокал, Даниел Максимов и виолина, Димитар Михајловски и тапани Игор Николовски. Сите членови на групата се професионални музичари, имаат долгогодишно музичко искуство и настапи низ државава.

На нашата публика сакавме да и подариме стари македонски песни кои се вистински хитови. Како група ги препеавме и им дадовме еден нов модерен звук преку нашите вокали и инструменти. Како група во следниот период ќе работиме на создавање на уште две преработки кои наскоро ќе ги промовираме, до тогаш уживајте во видео записите на старите македонски песни вели Марио Стојановски, Група Мерак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.