Познатиот српски рапер Далибор Андонов Гру, кој при спортска несреќа загина попладнево, пред само две недели даде интервју за порталот „Телеграф“, во кој зборуваше за својата љубов кон екстремните спортови и адреналинот.

Заљубен сум во сноубординг уште од првиот ден кога застанав на даска, далечната 1996 година. Во тоа време би менувал пет летувања за едно зимување. Но, во 2005 година го открива кајтот. Од тогаш не поминува ни ден, а да не погледнам некое видео за кајт или фотографија од летувањето, раскажувал Гру.

Тој додал дека обожава адреналин и покрај сноубординг и кајт, скокал и од авион и имал и други спортски авантури.

Пред некој ден зборував со еден другар, кој познаваше еден тип кој загина во несреќа. Не можеш да доживееш несреќа, а да не загинеш, рече Гру.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.