Вечерва, со почеток од 22 часот во МКЦ ќе се одржи „Grand Theft Auto“ тематска забава, во организација на Скопски Грув и Funky Fresh.

Овој настан е воедно и последната журка во МКЦ за годинава. Преку култните радиостаници застапени во игрите, овој пат со фокус на San Andreas и GTA V, односно автентичниот Los Santos звук ќе го доловат DJ Goce и Double G. Настанот има и задолжителен дрес код: West Coast Los Santos / Gang Colours.

Билетите се во ограничен број, достапни по цена од 400 денари на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.