Горан Таневски, фронтменот на „Мизар“ и еден од највлијателните вокали на југословенските простори, по повод 35 години од својата кариера издава три нови албуми и организира концерт со кој ќе се заокружи неговата плодна тридецениска кариера.

Во пресрет на концертот кој ќе се оддржи на 13 јуни во МКЦ Таневски и неговиот бенд организираат јавна проба која ќе се одржи на 30 мај (четвток) со почеток во 18.30 часот во студиото на Таневски кое е во склоп на „Макотекс“ – стара телевизија (во непосредна близина на телевизија Телма).

Таневски е музичар и сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави печат врз македонската музичка сцена во својата плодна кариера, а е и еден од имињата со кои се поврзува алтернативниот рок на македонската музичка сцена. Таневски го предводеше „Мизар“ во периодот од 1984 до 1991 година а според музичките критичари е еден од највлијателните вокали на овие простори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.