„Охридскиот фестивал во самиот концепт со својата Интернационална вечер е единствениот фестивал на овие простори што сеуште гради регионални мостови во музиката, за која знаеме дека нема граници, е размислувањето на Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“.

И не само тоа: на фестивалот можеме да ги слушнеме различните јазици на кои пеат изведувачите од Балканот.“ Инаку, на 28-то издание на „Охрид фест“ ќе настапат : од Србија Марко Кон и Срѓан Марјановиќ од Хрватска Владо Калембери Теди Грубица, потоа, Црна Гора ја претставуваат Славко Кнезовиќ и Јована Мустур Ражњатовиќ, а Божидар Волф и дуетот Инес Ербус- Давид Амаро се гостите од Словенија. Патем, како што веќе известивме а неодамна излезе и во Слободна Далмација, остварената соработка со фестивалот во Шибеник, Фестивалот на шансоната резултираше со тоа што победникот ќе го видиме и чуеме во Охрид. На сцената на Долни Сарај ќе настапи и Лиа од Бугарија, од Грција ни доаѓа Толис Дамјанос, додека Рина Рамадани е претставничка на Албанија.

Покрај гостите од странство на Интернационалната вечер ќе настапат и нашите изведувачи- групата „Интервали“, Александар Јосифовски, Филип Јордановски, Лена, Мелани, Слободанка Танева, Барбара Ракичевиќ и Малинова.

Всушност, Интернационалната вечер е нашиот „Еуросонг“, продолжува Шарац.

Песните што ќе ги чуеме на фестивалот го носат печатот и звукот на времето во кое живееме, а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите. Секој артист се представува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба- не информираше Горан Шарац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.