На 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“.
Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со маестралниот композитор и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“.
Публиката со нетрпение го очекуваше токму овој момент за тие во живо и на голема бина да ги отпеат нивните најголеми хитови како што се: „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам Бабо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на пирина“ и уште многу други.
Пријатели ве очекуваме во голем број, да уживаме во македонска музика и музички СПЕКТАКЛ, порача Стефан на социјалните мрежи.
Ве чекаме на концерт! Сметаме на вашата поддршка. Фала. 17-ти декември, „Јане Сандански“, објави и Мартин на својот профил на Фејсбук.
Специјален гостин на концертот ќе биде еден од најдобрите вокали на овие простори, нивниот колега и многу добар пријател, Влатко Лозаноски – Лозано.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на MkTickets, како и во повеќето градови во Македонија.
* ЛитеретураМК Superstore – City Mall
* Литература – Улица Македонија
* ЛитератураMK – „ГТЦ“
* ЛитератураMK – „Веро Џамбо“
* ЛитератураMK – т.ц. Буњаковец
* Билетара на Универзална сала
* Макпетрол – Илинденска
* Макпетрол – Влае
* Макпетрол – Козле
* Гранд – Тетово
* Кафе бар Монако – Тетово
* Кафе Агора – Куманово
* TA Бран – Прилеп
*TA Вис Пој – Охрид
* Вона 5 – Гостивар
* ТА Меридијан – Кичево
* Кафе Бар Концепт – Струмица
* Уни сон – Велес
* Литература – Битола
Наскоро повеќе информации поврзани со овој голем музички спектакл закажан за на 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.