Веста дека Северина има ново, десет години помладо момче Томислав Воштинич, винар од Иваниќ, одекна како бомба во српските и хрватските медиуми.  По хрватските кулоари се зборува дека пејачката новото момче го запознала преку нејзиниот менаџер, Томица Петровиќ.

Откако во јуни годинава, таа ја обнови соработката со човекот со кој претходно ја имаше раскинато, после 17 години, сите најблиски фанови беа одушевени. Освен сопругот Игор Којиќ, за кој се знаеше дека не се мириса со Томица, поради што таа и ја раскина соработката со менаџерот. Меѓутоа со оглед на тоа дека летово, Севе се скара со Игор, му пружи рака на помирување на својот пријател и соработник и го врати на местото на менаџер.

Во Хрватска на големо се зборува дека лошиот однос меѓу Севе и Игор, го искористил Томица кој видел можност да ја спои пејчаката со винарот Воштинич. Томица винарот го запознал преку свои пријатели и веднаш му се допаднал, а знаел дека ќе и се допанде и на Северина, па организирал средба. Одвишно е да се каже дека меѓи нив веднаш севнале искри, па комуникацијата ја продолжиле по пат на пораки, а набрзо започнале и врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.