Гледис Најт, ирскиот бенд „Ју-Ту“  денеска во Центарот Кенеди се меѓу уметниците кои добија награди за животни достигнувања.

Актерот, режисер, продуцент и активист за човекови права Џорџ Клуни, композиторката и диригентка Тања Леон како и пејачката на христијанска музика Ејми Грант им се придружија на Најт и целиот состав на „Ју-Ту” на свеченоста за доделувањето на наградите во Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“.

Организацијата секоја година наградува одбрана група личности за нивното уметничко влијание врз американската култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.