Ѓон Муамерај, со сценско име Солзите на Ѓон (Gjon’s Tears), кој во Ротесрдам ќе ги брани боите на Швајцарија, е фаворит на овогодинешната „Евровизија“. Песната „Tout l’Univers“ на 22-годишниот пејач засега котира највисоко на листата на обложувалниците.

Муамерај е роден во Бро, Швајцарија, од татко албански Косовец и мајка Албанка, кој на јавноста му е познат по учествата во „Албанија има талент“, „Швајцарија има талент“ и француската верзија на „Гласот“.

Според обложувалниците, македонскиот претставник Васил Гарванлиев и песната „Here I stand“ засега имаат помалку од 1 отсто шанса за победа. Сличен резултат имаат и девојките од Србија, а последен е претставникот на Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.