Гитара на еден од основачите на бендот „Пинк флојд“, Сид Барет, беше продадена на наддаввање во аукциската куќа „Шефинс“ во Кембриџ за 27.400 долари.

Акустична гитара „Јамаха“, со 12 жици, која му припаѓала на Барет (1946-2006), е оригинален музички инструмент од 1969 година. На аукција ја ставил Марк Барет, внукот од брат на гитаристот, и првично била проценета на 13.700 долари.

Мило ми е што гитарата ќе оди кај некој што ја цени. Се надевам дека купувачот ќе ужива во неа исто како и мојот чичко – изјави Марк Барет.

Аукциската куќа соопшти дека Сид ја спомнал гитарата и во интервју за списанието „Ролинг Стоун од 1971 година.

Ова е мојата нова гитара со 12 жици. Само што ја навикнав, ја пробував вчера – изјави музичарот во таа пригода.

Марк вели дека инструментот долго време го чувал неговиот татко, кој му го предал во ноември 2020 година, непосредно пред неговата смрт.

Според „Шефинс“, гитарата ја купил Французин, кој купил и градинарска маса изработена од Сид и тоа за 3.100 долари. Парите од продажбата внукот веќе ги наменил за добротворната организација „Мајнд“ која им помага на ментално заболени пациенти и за болницата „Артур Ренк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.