По промоцијата на евровизискиот спот за песната „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе нè претставува на 65-тото издание на „Евровизија“, јавноста ги забележа на бугарското знаме, па реакциите по социјалните мрежи се дека ова претставува намерна или случајна провокација.

Струмичанецот Гарванлиев, во разговор за „Фокус” вели дека без потреба се прави скандал, бидејќи боите кои се гледаат во позадина, сепак немаат врска со соседна Бугарија.

Луѓето обожаваат да прават скандали без потреба и сакаат да прават драми. Нека е… Овие се прекрасни дела во Даут Пашин Амам во Скопје, и многу сум горд што ми беше дозволено да снимам таму.
Се распрашав за делото за кое се коментира. Станува збор за дело за кое инспирација е Исус Христос, а бугарското знаме е хоризонтално, не вертикално, што може јасно да се види. Ова дело нема никаква врска со Бугарија, вели тој за весникот.

Повеќе на „Фокус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.