Македонскиот претставник на годинашното издание на Евровизија Васил Гарванлиев ќе настапи во првата половина на првото евровизиско полуфинале на 12-ти мај, а конечниот редослед дополнително го утврдуваат продуцентите на шоуто, соопштија од Македонската телевизија.

Во овој момент само тоа е познато во врска со редоследот. Правилата се исти со години, вели Александра Јовановска од МТВ

Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на годинашниот Евросонг, а песната допрва ќе се избира. Ротердам е домаќин на Евровизија.

Васил е познат на македонската сцена повеќе години. Го паметиме како момчето кое ја испеа „Марионка“ на Златно славејче.

Потоа тој замина во САД, Италија и Канада, каде што живееше со години. Се врати во Македонија и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.