На истата локација но со променет датум, годинава фестивалот „Скопје колинг“ ќе се одржи на 12 септември.

Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.

VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје.

Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот, соопштија организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.