Младинскиот културен центар (МКЦ) неодамна го најави овогодишното, деветто издание на фестивалот, кое е закажано за 31 август на нова локација – паркот на МКЦ, архитектонското тело (приклучок) отворено во склоп на Скопје креатива 2019, кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на МКЦ.

Досега најавени артисти се канадското пост-панк трио Operators, хрватското мистериозно електропоп дуо – Nipplepeople, најпознати по нивниот хит Frka, кои за прв пат настапуваат во Скопје, како и претставниците на европската (односно берлинската) електро-сцена CONFORCE, VIVIAN KOCH, ALEX ACID, програма курирана од нашиот репрезент и берлински резидент STOJCHE, кој во духот на ЗДРАВО МЛАДИ селектираше нови, свежи и квалитетни артисти директно од европските клубски подиуми.

Денес откриваме и нов изведувач – аргентинското дуо Mueran Humanos!

Мueran Humanos се состои од Carmen Burguess и Tomas Nochteff, кои се склопиле како дуо во 2006 година. Прават страстна, пропулзивна музика на шпански јазик, користејќи авангардни методи со панкерски став. Го заробуваат звукот на зградите надвиснат над поединецот и звукот што го прави поединецот како одговор: звукот на треперење и добивање слобода. Двајцата се по потекло од Буенос Аирес, каде што биле дел од бендовите Mujercitas и Dios.

Наскоро следува и објава на нови артисти и содржини од фестивалот, а најавуваме дека од денес следува и промена на цената на билетите. Новата цена е 400 денари, а билетите може да се купат преку продажната мрежа bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.