Евровизискиот тим задолжен за овогодинешното претставување на Малта на европската музичка сцена е под лупа на Министерството за внатрешни работи, за тоа како биле потрошени 650 илјади евра на промоција на песната и изведувачката Дестини.

Песната „Je Me Casse“ со недели беше на врвот според обложувалниците, но во саботата ја дочека студен туш кога од гледачите доби само 47 поени. Со тоа Дестини стана најголема губитничка на Евровизија, а на многумина не им беше јасно како „фаворитот“ во обложувалниците доби толку малку гласови од публиката и заврши на 14-то место.

Според пишувањата на „Times of Malta“ засега е познато дека Туристичката заедница на Малта вложила 350.000 евра за промоција на Дестини додека околу 300.000 евра вложил јавниот сервис.

Министерството за внатрешни работи наредило ревизија на трошоците поради сомнеж дека добар дел од парите се потрошени на обложувања. Се сомнева дека Малтежаните одговорни за промоција на изведувачката и песната финансирале странци кои потоа се обложувале на Малта на Евросонг.

Во написот на „Times of Malta“ се наведува дека постои сомнеж дека јавната телевизија ги злоупотребила парите на државните обврзници и ги потрошила за обложување на сопствената претставничка.

Министерот Кармело Абела наложил ревизија на трошоците откако примил извештаи дека дел од доделените пресметки за 10-дневниот настан бил искористен за обложување на „Је Ме Casse“. Малта ја рекламираа и на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, а за нејзина промоција биле ангажирани и странски инфлуенсери.

Ревизијата која ја побарало министерството започнува на 31-ви мај, а кога ќе бидат познати резултатите ќе се одлучи кој и како ќе ја сноси одговорноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.