Традиционално, во пресрет на евровизискиот натпревар,  во сабота ( 11.05), во Скопје ќе се одржи Евровизиска забава, овојпат во чест на Тамара Тодевска. На забавата, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните од македонските претставници.  Преку видео, до евровизиските фанови ќе се обрати и Тамара од Тел Авив. Локацијата е Нано Бар ( Дебар Маало), со почеток од 21:30. За музичкиот избор е задолжена Дј Тина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.