Овогодинешната Евровизија треба да биде одржана од 12 до 16 мај во Ротердам, откако минатата година претставникот на Холандија ја однесе победата. Меѓутоа, сепак се поставува прашањето дали овој престижен музички фестивал воопшто ќе биде одржан поради алармантната ситуација со коронавирусот.

Холандските медиуми пишуваат дека одржувањето на манифестацијата сè повеќе е под знак прашалник. Ова би било петти пат да се одржи Евровизија во Холандија, а победата во 2019 година ја доби Данкан Лоренс со песната „Аrcade“. Интересно е тоа дека Холандија нема oсвоено победа уште од 1980 година.
Многубројни фанови ширум светот сигурно ќе бидат натажени поради одложувањето на Евровизија 2020, бидејќи е општо познато дека се одбројуваат деновите до одржувањето на фестивалот.

Доколку ширењето на коронавирус не биде контролирано, би било залудно да се соберат толку луѓе на едно место. Мораме да мислиме однапред и да го ставиме здравјето на прво место, а за тоа се свесни и организаторите. Можно е вирусот зимава да се шири побрзо и поефикасно поради природата на заразата и дека во мај веќе ќе биде подобра ситуацијата, но моментално ситуацијата е многу сериозна и многу манифестации ќе бидат откажани“, беше изјавата на холандскиот виролог Аба Остерхаус за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.