Со почитување на епидемиолошките мерки и со негативен тест на Ковид-19, на 3500 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на овогодинешното издание на Евросонг во холандскиот град Ротердам.

Како што објави холандскиот весник „Де телеграф“, повикувајќи се на извори од Владата, на пробите, полуфиналето и финалето ќе може да присуствуваат најмногу 3500 луѓе кои живеат во Холандија.

Овој настан ќе биде дел од групата настани и манифестации кои во Холандија се одржуваат под називот „филдлаб“, а во кои им се овозможува на мали групи луѓе да влезат во театар, конференциски центри, културни настани и на фудбалски натпревари под строг надзор.

Организаторите на Евровизија претходно потврдија дека поединечните настапи ќе бидат одржани во Ротердам на 18, 20 и 22 мај, со одржување на физичка дистанца, но без прецизирање дали ќе биде дозволено присуство на публика.

Оваа година на Евровизија ќе учествуваат вкупно 39 земји, а сите они кои ќе сакаат настанот да го следат во живо ќе мора да имаат негативен тест на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.