Сер Елтон Џон беше принуден да одложи два концерта во Далас, Тексас, откако неодамна беше позитивен на коронавирусот.

Музичарот (74) е вакциниран со две дози и бустер, а моментално има само благи симптоми, се наведува во објавата на неговиот Инстаграм-профил.

Пандемијата предизвика одложувања на прошталната турнеја на Сер Елтон, Farewell Yellow Brick Road, во неколку наврати.

Друга британска суперѕвезда, Адел, минатата недела ги откажа настапите во Лас Вегас поради Ковид-случаи во нејзиниот тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.